Thursday, May 28, 2020

МЕСЕЧИНА И МЕСЕЧЕВИ ФАЗИ

 Месечината е најблиско небеско тело до Земјата  и нејзин постојан придружник.Нејзината средна оддалеченост од Земјата изнесува 384 000 km.Кога ја гледаме месечината изгледа колку што е и Сонцето и поради тоа што во реалност пречникот на Меечината е 4 пати помал од пречникот на Земјата и повеќе од 400 пати помал ос пречникот на Сонцето.Има површина ос 38 000 километри квадратни.
    ФИЗИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕСЕЧИНАТА
Месечината е мало ,студено и темно небеско тело .На месечината нема ни воа ни воздух па според тоа нема и живот.Површината на месечината е многу нерамна покриена претежно со вулкански карпи и прашина.Ако со телескоп се гледа се забележува на нејзината површина темни дамки или како е нарекуваат мориња кои се простираат покрај посветлите карпети делови.Тоа е само суви плитки длабнатини бидејќи на месечината нема вода.На месечината можат да се забележат и планински венци кои се испресечени со плитки и подлабоки длабнатини.Некои плитки и помали длабнатини на месечината настанале од паѓањето на некои поголеми карпи или камења од небескиот простор како откинати делови од некои поголеми вселенски тела.Месечината се врти околу својата замислена оска паралелно со ова движење се врти околу Земјата и истовремено заедно со неа се вртат околу Сонцето.За едно свртување околу својата замислена оска на Месечината и се потребни 28 дена.За исто толку време таа се врти и околу Земјата.Поради тоа што двете движења траат временски исто ние од Земјата ја гледаме само едната страна на Месечината ,онаа страна што е свртена кон Земјата.Месечината е наоѓа во различни положби во однос на Сонцето и Земјата и затоа ние од Земјата ја гледаме во различни облици.
                                                    МЕСЕЧЕВИ МЕНИ ИЛИ ФАЗИ
Различните облици на Месечината во науката се познати како Месечински мени или фази.Постојат четири главни Месечински мени Млада Месечина,Прва четвртина,Полна Месечина  и Последна четвртина.Млада месечина се јавува кога истата ќе се најде во  положба меѓу Сонцето и Земјата и тогаш ја гледаме неосветлената страна на месечината .по 7 дена и 9 часа откако Месечината ќе ја смени положбата се гледа првата осветлена десна четвртина.За исто толку време потоа се јавува полната Месечина односно кога Месечината ќе се најде меѓу Сонцето и Земјата ,а кон Земјата е свртена осветлената страна на месечината.По 7 дена и 9 часа од појавата на полната Месечина се јавува последната лева осветлена страна ,позната како последна четвртина.Поле скоро една недела Месечината пак ќе се најде во положба на млада месечина.




       ЗА ДОМА ќе направите план за лекцијава и за следна недела во вторник ќе истражите и ќе напишете нешто за АСТРОНОМИЈАТА во последните 4 века и ВСЕЛЕНСКИ ПАТУВАЊА.Истражувањето испратете го на маил или ако не сте во можност напишете рачно па сликајте  


Wednesday, May 13, 2020

Ѕвездени небо и движење на планетите


                                 ЅВЕЗДЕНО НЕБО И
                                       СОЅВЕЗДИЕ

Ноќе кога небото е чисто и јасно ,можеме да видиме многу светли точки  односно небески  тела познати како ѕвезди.Ѕвездите се усвитени гасовити тела кои зрачат  соптвена светлина и топлина.Во вселената постојат повеќе стотини милијарди ѕвезди.Сонцето е најблиска ѕвезда до Земјата.Има ѕвезди многу поголеми од него,но затоа што се многу далеку о Земјата се забележуваат какомногу мали светли и трепкави небески тела.Ѕвездите имаат потојана местоположба или незначително ја менуваат.
                                                       СОЅВЕЗДИЈА
ГРУПА ОД ПОВЕЌЕ ЅВЕЗДИ СЕ НАРЕКУВА СОЅВЕЗДИЕ.Денес ѕвездите се групирани во 88 соѕвездија.Најпознати и најпрепознатливи се Големата и Малата мечка со најпознатата ѕвезда Северница или Поларна ѕвезда


              ОРИОН














Бик ,Близнаци ,Зајак и соѕвездието Големото куче со најсјајната ѕвезда Сириус.Во различни периоди од годината можеме да видиме различни соѕвездија .Пример Орион се гледа од Ноември до Февруари но не може да се види од Мај до Јули.ЗА да ги видиме ѕвезите треба да се наоѓама на темната страна од Земјата.Сите ѕвезди и соѕвездија што може да се забележат о телескоп го формираат големиот облак кој во науката е познат како Галактика или Млечен пат.Овој ѕвездест облак кај нашиот народ е познат како Кумова слама кој има над 200 милијарди ѕвезди.

                                           ДВИЖЕЊЕ НА ПЛАНЕТИТЕ

 Планетите се најголемите и најпрепознатливи објекти во структурата на Сончевиот систем после Сонцето.Во споредба со ѕвездите кои се светли,овие небески тела се темни и потешко се забележуваат од површината на Земјата.Може да се забележат само при идеални временски услови во ведри ноќи како мирни светли тела  малку осветлени од одбиената сончева светлина.Во Сончевиот систем има девет планети Меркур,Венера,Земја,Марс, Јупитер,Сатурн,Уран,Нептун,и Плутон.Сите  девет планети кружат околу Сонцето по неправилни кружни или елипсоидни патеки.
Во зависност од физичките карактеристики планетите е поделени во две групи
  Планетите од Земјениот тип кои имаат физички карактеристики како  Земјата  и планети од Јупитеровиот тип кои имаат карактеритики како Јупитер. Првата е од земјен тип тие се мали имаат тврди површини ,разредени воздушни обвивки ,мал број природни сателити или немаат сателити и имаат бавни движења околу својата замислена оска.Во оваа група спаѓаат планетите Меркур Венера Земја и Марс.Втората група планети познати како планети на јупитеровиот тип се поголеми со меки или разредени површини ,густи воздушни обвивки ,голем број природни сателити и брзи движења околу својата замислена оска.Вакви планети се Јупитер Сатурн Уран и Нептун.Планетата Плутон која е последна откриена се наоѓа на надворешната граница на Сончевиот систем.Некои научници тврдат дека оваа планета не припаѓа на овој систем но тоа се уште не е научно докажано.Планетата Меркур која се наоѓа најблиску до Сонцето е најмала планета Венера  е најсјајна и најблиска планета до Земјата.а кај народот е позната како ѕвезда Деница или Вечерница.Земјата е трета по ред и единствена каде што постојат услови за живот Марс е наредната планета која е четири пати помала од Земјата.Јупитер е најголема и лесно препознатлива.После Јупитер е Сатурн позната по големиот гасовит прстен.Уран,Нептун и Плутон се последни откриени поради големата оддалеченост.Поголемиот дел од планетите во Сончевиот систем имаат природни сателити или месечини.Најголем број природни сателити има Сатурн 23 од кои најголем е Титан Јупитер има 16 сателити од кои најголеми се Ганимед и КалипсоУран има 15 ,Нептун 8 сателити Марс  има 2 сателити Фобос и Демос.Плутон еден и Земјата има еден природен сателит познат како Месечина.

ЗА ДОМА ДА СЕ НАПРАВИ ПЛАН ЗА ЛЕКЦИЈАТА И ВО ЗБИРКАТА ДА СЕ ОДГОВОРАТ ЗАДАЧИТЕ НА СТРАНА 86 И 87  ОД ЛЕКЦИИТЕ 4.3 ЅВЕЗДЕНО НЕБО И 
 4.4 ДВИЖЕЊЕ НА ПЛАНЕТИТЕ

Tuesday, May 5, 2020

ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

                                   ШТО Е ЗЕМЈИНА РЕВОЛУЦИЈА?
Движењето на Земјата околу Сонцето се вика Земјина револуција.Земјата се врти околу Сонцето о запад кон исток по патека која има елипсоидна форма.Едно обиколување на Земјата околу Сонцето трае 365 дена и приближно 6 часа.Поради тоа секоја четврта година е престапна.Просечната брзина со која Земјата се движи околу Сонцето е 30km/s. по елипсовидна патека  наречена орбита.Кога Земјата е поблиску до Сонцето таа побрзо се движи,поради неговата привлечна сила.

ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗЕМЈИНАТА РЕВОЛУЦИЈА
Сонцето во текот на годината ,секојдневно привидно се искачува и се спушта на хоризонтот над Земјата.Поради движењето на Земјата околу Сонцето се јавува Нееднакво траење на денот и ноќта на Земјата,промена на годишните времиња и појава на топлински појави.



ПРОМЕНА НА ГОДИШНИТЕ ВРЕМИЊА
Годишните времиња се разликуваат по различното траење на должината на денот и ноќта и температурите на воздухот
НА 21  МАРТСончевите зраци паѓаат под прав агол  на екваторот.Еднакво се осветлени северната и јужната полутопка.Денот и ноќта траат подеднакво.На овој датум се јавува пролетна рамноденица за северната полутопка и есенска рамноденица за јуж
ната полутопк.На северната полутопка започнува пролет,а на јужната есен.



НА  22  ЈУНИ  На северната полутопка на овој датум завршува пролетта и започнува летото ,додека на јужната полутопка завршува есента и започнува зимата.Деновите на северната полутопка се долги ,ноќите кратки ,а температурите се високи.На јужната полутопка деновите се кратки ,а ноќите долги ,додека температурите се пониски

НА 23 СЕПТЕМВРИ  Сонцето е во зенитот над екваторот  .На северната полутопка на овој датум започнува есен ,а на јужната пролет.На двете полутопки денот и ноќта траат по 12 часа.Од овој датум Сонцето привидно се спушта на југ ,должината на денот на северната полутопка  се намалува ,а должината на ноќите се зголемува.На јужната полутопка е обратно должината на денот се  зголемува ,а на ноќта се намалува.Тоа е така се до 22 декември.
НА 22 ДЕКЕМВРИ На овој датум на јужната полутопка започнува лето ,а на северната зима
Северниот пол има поларна ноќ ,а јужниот поларен ден.Од овој датум Сонцето привидно се издигнува на север кон екваторот со што започнува и намалување на денот на јужната полутопка
ЗА ДОМА ДА СЕ НАПРАВИ ПЛАН ЗА ЛЕКЦИЈАТА И НА СТРАНА 84 и 85 ОД ЗБИРКАТА ДА СЕ ОДГОВОРАТ ПРАШАЊАТА 


Tuesday, April 28, 2020

тема ЗЕМЈАТА И ПОДАЛЕКУ наставна содржина ДЕН И НОЌ

ВИДЕТЕ ЈА СОДРЖИНАТА И НА КРАЈ
 НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ВИ Е ДАДЕНО
БАРАЊЕТО ЗА ДОМАШНА
ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ИСТРАЖУВАЊЕ








Wednesday, April 22, 2020

ИЗВЕДЕНИ БОИ НА СВЕТЛИНАТА:РЕФЛЕКТИРАЊЕ НА БОИТЕ


ОТКАКО ЌЕ ЈА ИЗГЛЕДАТЕ ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА 
ЗА ДОМА     На страна 69 и 70 во збирката да се одговорат  петте прашања
од 3.13 ИЗВЕДЕНИ БОИ НА СВЕТЛИНАТА и
петте прашања од 3.14 РЕФЛЕКТИРАЊЕ НА БОИТЕ 
(Домашна  до следната недела  Вторник 20.00 )

Wednesday, April 15, 2020

СПЕКТАР НА БЕЛАТА СВЕТЛИНА-ДИСПЕРЗИЈА И МЕШАЊЕ НА БЕЛАТА СВЕТЛИНА




Во учебникоѕ на страна 72 и 73.
Откако ќе ја изгледате содржината за дома 
во збирката на страна 68 и 69 за Боите во белата светлина  стр 68
 и на стр 69 
за Диперзија и мешање да се одговорат прашањата

Monday, March 23, 2020

ФИЗИКА ЗА VIII одделение

                                                 тема    СВЕТЛИНА

                                         наставна содржина    ЗАКОН ЗА РЕФЛЕКСИЈА

Sunday, March 22, 2020

ЗАДАЧИ ЗА ДОМАШНА РАБОТА ЗА 8 одд

                                 ЗАДАЧИ ЗА ДОМА


1.Пред рамно огледало на растојание од 25 cm  е поставен предмет .За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик ако предметот се оддалечи од огледалото за 
15 cm?
2.Светлински зрак паѓа на рамно огледало такашто аголот меѓу упадниот и одбиениот зрак е
 60 ୦.Колкав ќе биде аголот на одбивање ако упадниот агол се зголеми за 10 степени?
3. Сончевите зраци паѓаат на Земјата под агол од 60 степени.Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да се одбиваат зраците вертикално.Скицирај и одговори

    РЕШЕНИЈАТА ЌЕ ВИ ГИ  ИСПРАТАМ ВО ПЕТОК,А ДО ПЕТОК МОЖЕ  ДА МИ ГИ ИСПРАЌАТЕ ОДГОВОРИТЕ