Месечината е најблиско небеско тело до Земјата и нејзин постојан придружник.Нејзината средна оддалеченост од Земјата изнесува 384 000 km.Кога ја гледаме месечината изгледа колку што е и Сонцето и поради тоа што во реалност пречникот на Меечината е 4 пати помал од пречникот на Земјата и повеќе од 400 пати помал ос пречникот на Сонцето.Има површина ос 38 000 километри квадратни.
ФИЗИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕСЕЧИНАТА
Месечината е мало ,студено и темно небеско тело .На месечината нема ни воа ни воздух па според тоа нема и живот.Површината на месечината е многу нерамна покриена претежно со вулкански карпи и прашина.Ако со телескоп се гледа се забележува на нејзината површина темни дамки или како е нарекуваат мориња кои се простираат покрај посветлите карпети делови.Тоа е само суви плитки длабнатини бидејќи на месечината нема вода.На месечината можат да се забележат и планински венци кои се испресечени со плитки и подлабоки длабнатини.Некои плитки и помали длабнатини на месечината настанале од паѓањето на некои поголеми карпи или камења од небескиот простор како откинати делови од некои поголеми вселенски тела.Месечината се врти околу својата замислена оска паралелно со ова движење се врти околу Земјата и истовремено заедно со неа се вртат околу Сонцето.За едно свртување околу својата замислена оска на Месечината и се потребни 28 дена.За исто толку време таа се врти и околу Земјата.Поради тоа што двете движења траат временски исто ние од Земјата ја гледаме само едната страна на Месечината ,онаа страна што е свртена кон Земјата.Месечината е наоѓа во различни положби во однос на Сонцето и Земјата и затоа ние од Земјата ја гледаме во различни облици.
МЕСЕЧЕВИ МЕНИ ИЛИ ФАЗИ
Различните облици на Месечината во науката се познати како Месечински мени или фази.Постојат четири главни Месечински мени Млада Месечина,Прва четвртина,Полна Месечина и Последна четвртина.Млада месечина се јавува кога истата ќе се најде во положба меѓу Сонцето и Земјата и тогаш ја гледаме неосветлената страна на месечината .по 7 дена и 9 часа откако Месечината ќе ја смени положбата се гледа првата осветлена десна четвртина.За исто толку време потоа се јавува полната Месечина односно кога Месечината ќе се најде меѓу Сонцето и Земјата ,а кон Земјата е свртена осветлената страна на месечината.По 7 дена и 9 часа од појавата на полната Месечина се јавува последната лева осветлена страна ,позната како последна четвртина.Поле скоро една недела Месечината пак ќе се најде во положба на млада месечина.
ЗА ДОМА ќе направите план за лекцијава и за следна недела во вторник ќе истражите и ќе напишете нешто за АСТРОНОМИЈАТА во последните 4 века и ВСЕЛЕНСКИ ПАТУВАЊА.Истражувањето испратете го на маил или ако не сте во можност напишете рачно па сликајте


No comments:
Post a Comment