Wednesday, May 13, 2020

Ѕвездени небо и движење на планетите


                                 ЅВЕЗДЕНО НЕБО И
                                       СОЅВЕЗДИЕ

Ноќе кога небото е чисто и јасно ,можеме да видиме многу светли точки  односно небески  тела познати како ѕвезди.Ѕвездите се усвитени гасовити тела кои зрачат  соптвена светлина и топлина.Во вселената постојат повеќе стотини милијарди ѕвезди.Сонцето е најблиска ѕвезда до Земјата.Има ѕвезди многу поголеми од него,но затоа што се многу далеку о Земјата се забележуваат какомногу мали светли и трепкави небески тела.Ѕвездите имаат потојана местоположба или незначително ја менуваат.
                                                       СОЅВЕЗДИЈА
ГРУПА ОД ПОВЕЌЕ ЅВЕЗДИ СЕ НАРЕКУВА СОЅВЕЗДИЕ.Денес ѕвездите се групирани во 88 соѕвездија.Најпознати и најпрепознатливи се Големата и Малата мечка со најпознатата ѕвезда Северница или Поларна ѕвезда


              ОРИОН














Бик ,Близнаци ,Зајак и соѕвездието Големото куче со најсјајната ѕвезда Сириус.Во различни периоди од годината можеме да видиме различни соѕвездија .Пример Орион се гледа од Ноември до Февруари но не може да се види од Мај до Јули.ЗА да ги видиме ѕвезите треба да се наоѓама на темната страна од Земјата.Сите ѕвезди и соѕвездија што може да се забележат о телескоп го формираат големиот облак кој во науката е познат како Галактика или Млечен пат.Овој ѕвездест облак кај нашиот народ е познат како Кумова слама кој има над 200 милијарди ѕвезди.

                                           ДВИЖЕЊЕ НА ПЛАНЕТИТЕ

 Планетите се најголемите и најпрепознатливи објекти во структурата на Сончевиот систем после Сонцето.Во споредба со ѕвездите кои се светли,овие небески тела се темни и потешко се забележуваат од површината на Земјата.Може да се забележат само при идеални временски услови во ведри ноќи како мирни светли тела  малку осветлени од одбиената сончева светлина.Во Сончевиот систем има девет планети Меркур,Венера,Земја,Марс, Јупитер,Сатурн,Уран,Нептун,и Плутон.Сите  девет планети кружат околу Сонцето по неправилни кружни или елипсоидни патеки.
Во зависност од физичките карактеристики планетите е поделени во две групи
  Планетите од Земјениот тип кои имаат физички карактеристики како  Земјата  и планети од Јупитеровиот тип кои имаат карактеритики како Јупитер. Првата е од земјен тип тие се мали имаат тврди површини ,разредени воздушни обвивки ,мал број природни сателити или немаат сателити и имаат бавни движења околу својата замислена оска.Во оваа група спаѓаат планетите Меркур Венера Земја и Марс.Втората група планети познати како планети на јупитеровиот тип се поголеми со меки или разредени површини ,густи воздушни обвивки ,голем број природни сателити и брзи движења околу својата замислена оска.Вакви планети се Јупитер Сатурн Уран и Нептун.Планетата Плутон која е последна откриена се наоѓа на надворешната граница на Сончевиот систем.Некои научници тврдат дека оваа планета не припаѓа на овој систем но тоа се уште не е научно докажано.Планетата Меркур која се наоѓа најблиску до Сонцето е најмала планета Венера  е најсјајна и најблиска планета до Земјата.а кај народот е позната како ѕвезда Деница или Вечерница.Земјата е трета по ред и единствена каде што постојат услови за живот Марс е наредната планета која е четири пати помала од Земјата.Јупитер е најголема и лесно препознатлива.После Јупитер е Сатурн позната по големиот гасовит прстен.Уран,Нептун и Плутон се последни откриени поради големата оддалеченост.Поголемиот дел од планетите во Сончевиот систем имаат природни сателити или месечини.Најголем број природни сателити има Сатурн 23 од кои најголем е Титан Јупитер има 16 сателити од кои најголеми се Ганимед и КалипсоУран има 15 ,Нептун 8 сателити Марс  има 2 сателити Фобос и Демос.Плутон еден и Земјата има еден природен сателит познат како Месечина.

ЗА ДОМА ДА СЕ НАПРАВИ ПЛАН ЗА ЛЕКЦИЈАТА И ВО ЗБИРКАТА ДА СЕ ОДГОВОРАТ ЗАДАЧИТЕ НА СТРАНА 86 И 87  ОД ЛЕКЦИИТЕ 4.3 ЅВЕЗДЕНО НЕБО И 
 4.4 ДВИЖЕЊЕ НА ПЛАНЕТИТЕ

No comments:

Post a Comment