Tuesday, May 5, 2020

ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

                                   ШТО Е ЗЕМЈИНА РЕВОЛУЦИЈА?
Движењето на Земјата околу Сонцето се вика Земјина револуција.Земјата се врти околу Сонцето о запад кон исток по патека која има елипсоидна форма.Едно обиколување на Земјата околу Сонцето трае 365 дена и приближно 6 часа.Поради тоа секоја четврта година е престапна.Просечната брзина со која Земјата се движи околу Сонцето е 30km/s. по елипсовидна патека  наречена орбита.Кога Земјата е поблиску до Сонцето таа побрзо се движи,поради неговата привлечна сила.

ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗЕМЈИНАТА РЕВОЛУЦИЈА
Сонцето во текот на годината ,секојдневно привидно се искачува и се спушта на хоризонтот над Земјата.Поради движењето на Земјата околу Сонцето се јавува Нееднакво траење на денот и ноќта на Земјата,промена на годишните времиња и појава на топлински појави.



ПРОМЕНА НА ГОДИШНИТЕ ВРЕМИЊА
Годишните времиња се разликуваат по различното траење на должината на денот и ноќта и температурите на воздухот
НА 21  МАРТСончевите зраци паѓаат под прав агол  на екваторот.Еднакво се осветлени северната и јужната полутопка.Денот и ноќта траат подеднакво.На овој датум се јавува пролетна рамноденица за северната полутопка и есенска рамноденица за јуж
ната полутопк.На северната полутопка започнува пролет,а на јужната есен.



НА  22  ЈУНИ  На северната полутопка на овој датум завршува пролетта и започнува летото ,додека на јужната полутопка завршува есента и започнува зимата.Деновите на северната полутопка се долги ,ноќите кратки ,а температурите се високи.На јужната полутопка деновите се кратки ,а ноќите долги ,додека температурите се пониски

НА 23 СЕПТЕМВРИ  Сонцето е во зенитот над екваторот  .На северната полутопка на овој датум започнува есен ,а на јужната пролет.На двете полутопки денот и ноќта траат по 12 часа.Од овој датум Сонцето привидно се спушта на југ ,должината на денот на северната полутопка  се намалува ,а должината на ноќите се зголемува.На јужната полутопка е обратно должината на денот се  зголемува ,а на ноќта се намалува.Тоа е така се до 22 декември.
НА 22 ДЕКЕМВРИ На овој датум на јужната полутопка започнува лето ,а на северната зима
Северниот пол има поларна ноќ ,а јужниот поларен ден.Од овој датум Сонцето привидно се издигнува на север кон екваторот со што започнува и намалување на денот на јужната полутопка
ЗА ДОМА ДА СЕ НАПРАВИ ПЛАН ЗА ЛЕКЦИЈАТА И НА СТРАНА 84 и 85 ОД ЗБИРКАТА ДА СЕ ОДГОВОРАТ ПРАШАЊАТА 


No comments:

Post a Comment